ноември 11, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНTИТЕ

10.11.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1437 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 3824 шишиња вода за пиење, 448 пакети со прехрамбени, 200 сендвичи донација од Прокредит банка, 18 пакети со хигиенски средства, 5 пакувања пелени за бебиња, 31 бебешки сетови, 43 кутии со бисквити, 12 кутии млеко за бебиња, 36 мобилни ламби, 24 пара чорапи,102 ќебињa и 3 лива се транспортирани до болница.

< врати се назад