
септември 10, 2015
ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ
На 10.09.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1560 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 3100 шишиња вода за пиење, 66 пакети со хигиенски средства, 242 пакети со прехрамбени продукти, 30 пакети за бебиња и млеко за бебиња и 90 ќебињa.