Red Cross Shape
Помош на настраданото население од поплавите во Тетово

2015-08-07

Помош на настраданото население од поплавите во Тетово

Во текот на денешниот ден, Црвениот крст на Рeпублика Македонија за настраданите семејства погодени од силното невреме во Тетово и околината ја заокружува првичната дистрибуција на хуманитарна помош. Како дополнителна помош за семејствата од с.Шипковица се дистрибуираат ќебиња 200 парчиња, душеци 30 парчиња и 20 пакети облека, јакни 50 парчиња, фармерки 120 парчиња, 25 пара детски патики и 40 пара машки чевли. Заклучно со 07.08.2015 година преку донаторските телефонски линии од трите оператори во Република Македонија обезбедена е парична помош во вкупен износ од 1.056.900,оо денари. На сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија уплатени се вкупно 81.350,оо денари. Црвениот крст на Рeпублика Македонија и понатаму ги повикува правните субјекти и граѓаните да ја искажат својата солидарност преку активна поддршка на оваа хуманитарна акција

11823049_1478038079173014_2023109651629178456_o

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom