март 17, 2017

Помош во опрема за училишта во поплавениот регион

Црвениот крст на Република Македонија по повод настанатите поплави кои го зафатија Скопскиот и Тетовскиот регион на 6 август 2016 година, имплементираше повеќе хуманитарни активности за поддршка на загрозеното население и брзо опоравување на заедницата. Покрај интервенциите за укажување на прва помош, преку поттикнување на населението како и партнерските организации се спроведоа голем број на акции за расчистување, парични средства, донации на храна, хигиенски продукти, облека, , едукации на населението за справување со катастрофи, активности за зајакнување на капацитетите на заедницата итн.

Со поддршка на Германскиот Црвен крст обезбедена е помош во опрема  лаптоп компјутер, ЛЦД проектор и платно за проектирање за 6 основни училишта во поплавениот регион.

Донацијата ќе се додели на 20.03.2017 година (понеделник) во 11:00 часот во Скопски саем – Бизнис сала, во присуство на претставници од Амбасадата на Германија и Амбасадата на Австрија, кои се наши долгорочни партнери во обезбедувањето на поддршка за ранливите групи на население.

< врати се назад