Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПОПЛАВА СО ПОГОЛЕМ БРОЈ ПОВРЕДЕНИ И ДАВЕНИЦИ

2016-10-27

ПОПЛАВА СО ПОГОЛЕМ БРОЈ ПОВРЕДЕНИ И ДАВЕНИЦИ

На 26. 10. 2016 година во Велес се одржа симулациона вежба  „ “ во организација на Министерството за здравство на РМ и СЗО регионална канцеларија Скопје и Црвениот крст на Р.Македонија. На вежбата учество земаа ИМП Велес, Општа Болница – Велес, МВР, ПП-Велес, ЦУК, ДЗС, Црвен крст на РМ,Општинска организација Велес.

Целта на вежбата беше да се подигне степенот на подготовка при кризни состојби, во рамките на приоритетот за Здравствена безбедност, одговор и подготовка при кризни состојби.

Имено, според сценариото на 26 октомври (среда), 2016 година, како резултат на пороен и силен дожд реката Вардар се излеа во градското подрачје и ги поплави околните куќи (на локацијата меѓуградска автобуска станица, градско Пазариште). При поплавата имаше повредени и давеници кои сеуште покажуваа знаци на живот. Заради поплавата околу 12 лица, поголемиот дел со повреди и помал број давеници кои сеуште покажуваа знаци на живот, требаше да им биде укажана итна медицинска помош и да бидат евакуирани.

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Велес го дадоа својот придонес во одржувањето на оваа вежба, така што обезбедија волонтери кои глумеа повредени, тим за спасување на вода кои ги вадеа давениците од реката Вардар, како и шминкери кои реалистично ги прикажаа повредите. Со оваа активност, волонтерите придонесоа вежбата да биде по реална, а условите за работа на екипите да бидат значително отежнати односно реални.

veles-2

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025