Посета на амбасадорот на Романија на Црвениот крст на Република Македонија
На 21 ноември, 2013 година Црвениот крст на Македонија беше посетен од амбасадорот на Романија во Република Македонија, г.дин Iustinian FOCŞA. При тоа генералниот секретар м-р Саит Саити го запозна амбасадорот со работата на Црвениот крст на Република Македонија во државата и на меѓународен план како и плодната соработка која ја има нашата организација со Романскиот Црвен крст во изминатиот период, посебно во делот на билатералната соработка која се реализира согласно со потпишаниот договор за соработка помеѓу двете национални друштва. Особено беше истакната соработката на локално ниво која ја реализираат три општински организации на Црвен крст од Македонија (Тетово, Крушево и Скопје) и три општински организации на Црвен крст од Романија (Плоешти, Гурѓу и Сектор 3-Букурешт). Амбасадорот Iustinian FOCŞA истакна дека ќе даде свој придонес во унапредувањето на соработката помеѓу двете организации посебно во делот на обезбедување на поддршка за регионални проектни иницијативи кои се реализираат преку Европската Унија и други фондови, имајќи во предвид дека следната година Романија го презема претседавањето со Европската Унија.