ПОСЕТА НА АТИНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА REDPRENEUR
Во периодот од 4 до 7 октомври 2021, претставници од Црвениот крст на Република Северна Македонија ( Централна канцеларија на ЦКРСМ, Црвен крст на град Скопје, ООЦК Битола и ООЦК Охрид), заземаа учество на мастер работилницата во просториите на ImpactHub Атина, Грција во рамките на програмата RedPreneur.
Програмата е наменета за јакнење на деловните вештини и развој на социјалното претприемништво, поддржана од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој со фокус на Јужниот и Југоисточниот дел на Европа, како и Јужен Кавказ. Составен дел претставуваше Тренинг академијата која што започна во февруари 2021, преку онлајн сесии и втор дел на истата таканаречената Мастер академија која започна кон крајот на јуни 2021, со цел да даде поголем осврт и сеопфатен пристап кон развој на деловни модели во рана фаза, преку групни и индивидуални сесии, вклучително со моменталната работилница во Атина и последователна сесија во Виена- Австрија во ноември 2021.
Учесници на програмата се Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Србија, Црвен крст Црна Гора, Црвен крст Албанија, Црвен крст Ерменија, Црвен крст Украина и Црвен крст Грузија.
Како дел од работилницата во Атина, преку одржаниот заеднички настан -RedPreneur RoadShow, помеѓу Impact Hub Athens, New Paradigm Ventures, Hellenic Impact Investing Network и Националните друштва на Црвениот крст, учесниците ќе добијат можност да се запознаат со иновативни претприемачи од Р. Грција и Европа, дискутираат и ги споделат своите активности поврзани со новите иновативни модели и трендови во делот на негата и здравствениот сектор.