Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на Бугарски Црвен крст за размена на позитивни практики

2021-10-13

Посета на Бугарски Црвен крст за размена на позитивни практики

Во периодот од 03-05 октомври 2021 година во Република Бугарија се реализираше дводневна посета на Бугарскиот Црвен крст со цел размена на позитивни практики во рамки на здравствено-превентивните и социјално-хуманитарните програми, како и создавање на можности за иницирање на заеднички проекти. Посетата беше остварена од страна на претставници на стручната служба на Црвениот крст на Република Северна Македонија.  На работната средба беа претставени клучните активности и проекти кои Бугарскиот Црвен крст  ги имплементира  во здравствено-превентивните и социјално-хуманитарни програми. Оосбено значење беше дадено на претставување на работата на Центарот за домашни грижи во Враца.  Преку центарот се испорачуваат здравствени и социјални услуги за стари лица во домашни услови преку ангажирани мобилни тимови од медицински сестри и домашни помошници.  Взаемната соработка помеѓу двете национални друштва на Црвениот крст претставува можност за јакнење на капацитетите и  користење на позитивни искуства и практики за создавање на заеднички проекти за поддршка на различни целни групи на население.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025