јуни 13, 2022

Посета на делегација на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ

На 13.06.2022 година Црвениот крст на Република Северна Македонија беше посетен од делегација на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ. Делегацијата предводена од Директорот на Агенцијата за примена на јазикот – проф. д-р Илбер Села беше примена од страна на Генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, д-р Саит Саити.

Во разговорите Генералниот секретар Саити ја претстави работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, клучните активности на организацијата и важноста на имплементацијата на решенијата од Законот за употреба на јазиците. За време на средбата членовите на делегацијата ги посочија можностите кои ги нуди агенцијата на институциите на системот во поглед на законот.

< врати се назад