септември 20, 2019

Посета на делегација на Бирото за јавна безбедност

На 20.09.2019 Црвениот крст на Република Северна Македонија беше посетен од делегација на Бирото за јавна безбедност. Делегацијата ја предводеше директорот г-дин Сашо Тасевски од Бирото за јавна безбедност каде беше примена од генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, д-р Саит Саити и дел од стручната служба.

 

На делегацијата му беше претставена работата на Црвениот крст на Република Македонија, сервисите кои ги обезбедува националното друштво во државата, формите на финансирање и клучните активности на организацијата.

 

Беше дискутирана можност и за конкретна соработка со Бирото за јавна безбедност во делот на првата помош, меѓународното хуманитарно, крводарителството, подготвеност и дејствување при катастрофи и др.

< врати се назад