ноември 22, 2018

Посета на делегација на Бугарски Црвен крст во Црвен крст на Република Македонија

На 22 ноември 2018 во посета на Црвен крст на Република Македонија беше делегација од Бугарски Црвен крст во состав: Академик д-р Христо Григоров, Претседател на Бугарски Црвен крст; д-р Софија Стоименова, Генерален директор на Бугарски Црвен крст; Преслава Лилова, Раководител на одделот за Меѓународна соработка на Бугарски Црвен крст.

Делегацијата оствари посета во централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, каде што реализираше средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, д-р Саит Саити и претседателот на Црвениот крст на Република Македонија проф.д-р Ромел Велев.

На средбата се разменија досегашни искуства и практики во работењето на двете Национални друштва.

Делегацијата ја продолжи својата посета во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга каде Раководниот одбор на Црвениот крст на Република Македонија има работна средба со Националниот совет на Бугарски Црвен крст.

 

< врати се назад