Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на делегација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Црвен крст на општинска организација Охрид

2017-09-01

Посета на делегација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Црвен крст на општинска организација Охрид

Делегација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во состав од: г-дин Сајмон Мисири, регионален директор на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина за Европа, и Мете Петерсон, раководителот на регионалниот кластер се во тридневна посета на Република Македонија во период од 30ти Август до 1ви Септември 2017 година

 За време на нивната посета во нашата земја, на 31ви Август тие заедно со Генералниот секретар на Црвен крст на РМ, г-дин Саит Саити, го посетија Црвениот крст во Охрид, каде беа пречекани од претседателот на Црвениот крст во Охрид, г-дин Сашо Точков. На средбата се дискутираше за бројните активности кои Црвен крст Охрид ги реализира со посебен акцент на активностите на Центарот за безбедност на вода. Последователно беше изведена и демонстративна вежба на спасителите на вода со прикажување на техники на спасување на давеник од копно и од чамец.

 

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025