Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Посета на претседателот на Турска Црвена полумесечина во Црвен крст на Република Македонија

2017-09-01

Посета на претседателот на Турска Црвена полумесечина во Црвен крст на Република Македонија

На 1ви Септември, 2017 година, претседателот на Турската Црвена полумесечина Др. Керем Киник, оствари работна посета во централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија каде беше примен од генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, д-р Саит Саити.

Целта на посетата е размена на досегашни искуства и практики, како и можности за идна соработка помеѓу двете Национални друштва.