септември 22, 2015

ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИК ОД ИФРЦ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 22 септември 2015 година во посета на Црвениот крст на Република Македонија е г-ѓа Mette Petersen одговорна за Македонија во Европската Зона на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Целта на три дневната посетата е моменталната состојба со мигрантите кои тразитираат низ нашата држава и како нашето националното друшво да се справи со овој предизвик.

г-ѓа Petersen имаше средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити каде ја запозна со клучните активности на Црвениот крст на Република Македонија кои се реализираат за поддршка и помош на мигрантите.

Во текот на денот ќе биде извршена посета на пунктот за мигранти на граничниот премин кај Гевгелија.

poseta

< врати се назад