Посета на првите дами на Република Полска и Република Северна Македонија во Црвениот крст на Република Македонија
Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Полска, г.дин Анджеј Дуда, во Република Македонија, на 19 ноември 2021 година Црвениот крст на Република Северна Македонија беше посетен од првата дама на Република Полска, г.ѓа Агата Корнхаузер Дуда, сопруга на претседателот на Република Полска, придружувана од г.ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, г.дин Стево Пендаровски.
Цел на посетата беше запознавање со активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија со акцент на работата на Центарот за психо-социјална поддршка на Црвениот крст.
За време на посетата генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити даде краток осврт на работата на Црвениот крст на РСМ во државата и активностите на волонтерите и сервисните услуги на организацијата за различни целни групи кои ги опслужува Црвениот крст. При тоа беше претставен концептот на системот за испорака на прва психолошка помош и психосоцијална поддршка и СОС линиите кои функционираат преку Центарот за психо-социјална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
На настанот се обрати г.ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, г.дин Стево Пендаровски која како истакнат долгогодишен хуманитарен работник ја претстави својата лична волонтерска приказна и волонтирањето во Црвениот крст на РСМ. Исто така свое обраќање имаше и првата дама на Република Полска, г.ѓа Агата Корнхаузер Дуда, сопруга на претседателот на Република Полска, која ги поздрави волонтерите на Црвениот крст ангажирани во Центарот за психо-социјална поддршка на Црвениот крст и напорите ги прават за намалување на стигмата и предрасудите и низ отворен, искрен разговор нудат помош на оние на кои им е неопходна.
Гостите разговараа со волонтерите кои работат на СОС линиите во канцеларијата на Центарот за психо-социјална поддршка на Црвениот крст и при тоа истакнаа дека е секогаш е задоволство да се разговара со луѓе со високо ниво на емпатија, подготвени да подадат рака, да пружат помош и поддршка.