Посета на раководителот на регионалната канцеларија на МФЦК г-ѓа Мариа Кристенсен
Во периодот 18-22.04. 2022 година Црвениот крст на Република Северна Македонија беше посетен од страна на Раководителот на регионалната канцеларија на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина г-ѓа Мариа Кристенсен.
Посетата е дел од програмата на ново отворената регионална канцеларија на МФЦК во Сараево и има за цел подобро запознавање на новата структура со работата на 8-те национални друштва кои ќе бидат координирани преку нив. За време на посетата одржани се прием со Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити и средби со сите стручни соработници во централната канцеларија.
На 20.04.2022 година организирана е посета на активностите на Црвен крст на град Скопје, посета на дневниот центар за стари лица, дневниот центар за крводарување, продавницата „Копче“, Нега Центар, просториите за регистрација на бегалци од Украина, центарот за бездомници и магацинскиот простор, каде се остварени средби со стручните соработници, ангажираните лица и волонтерите.