Посета во Албанија по повод одбележување на 100 години од основањето на Албанскиот Црвен крст
На 02.10.2021 година Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија Ромел Велев и Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Саит Саити го посетија Албанскиот Црвен крст по повод одбележување на 100 години од основањето на Албански Црвен крст. По повод одбележувањето се одржа соодветна манифестација во Pallati i Brigadave во Тирана со присуство на реномирани гости од земјата и Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина меѓу кои и Претседателот на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина Франческо Рока. Делегацијата на Црвениот крст на РСМ оствари средба со Претседателот на Албанскиот Црвен крст Ylli Alushi и Генералниот секретар на Албанскиот Црвен крст Artur Katuci, на која беа изразени честитки за јубилејот, беше поздравена досегашната успешна соработка и се дискутираше за идни соработки помеѓу двете национални друштва како и во регионот.