
Посетата на делегација на Турска Црвена полумесечина
На 15 јули 2021 година, Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, г-дин Саит Саити оствари средба со делегација од Турска Црвена полумесечина во состав од Фуат Емин, Гуркан Тулек, Хизир Еврен Коџаарслан, Мухамед Бумин Турхан и Џемал Гокбулут.
Целта на посетата е досегашната соработка на двете Национални друштва, со посебен осврт на активностите на Турската Црвена полумесечина за претстојниот празник Курбан Бајрам, на кој е планирано диструбуција на хуманитарна помош во неколку града во државата.
Црвен крст на РСМ во рамките на овие активности ќе се вклучи со логистичка поддршка и волонтери за реализација на оваа активност за празникот Курбан Бајрам.
На состанокот Генералниот секретар на Црвен крст, г-дин Саит Саити ја изрази својата благодарност и задоволство за досегашната соработка со Турска Црвена полумесечина за нивното континуирано обезбедување на хуманитарна помош на социјално загрозени лица.