јули 7, 2023

Потпишан договор за регионална соработка со националните друштва на Црвен крст од Албанија и Косово

На 05.07.2023 година, Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити го посети Албанскиот Црвен крст при што се оствари средба со Претседателот на Албанскиот Црвен крст Ylli Alushi и Генералниот секретар на Албанскиот Црвен крст Artur Katuci. Основниот повод за остварување на средбата беше иницијатива за продлабочување на соработката помеѓу националните друштва во рамките на проект кој се подготвува во партнерство на Албанскиот Црвен крст и The Volunteer Association SVAU – Volunteer Rescuers Humanitarian Aid ODV од Италија. Црвениот крст на РСМ беше поканет да учествува во овој проект при што би се организирале студиски посети и споделување на искуства во програмите за подготвеност и дејствување при катастрофи, организирање на заеднички обуки за зајакнување на капацитети и заеднички активности за одговор на хуманитарни предизвици. За таа цел беше потпишан и договор за соработка помеѓу Црвениот крст на РСМ и The Volunteer Association SVAU – Volunteer Rescuers Humanitarian Aid ODV застапувана од Претседателот Dr. Roberto Frittelli. Исто така потпишани беа договори помеѓу оваа организација и националните друштва на Црвен крст на Албанија и Косово.

< врати се назад