Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СЕ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

2018-04-25

СЕ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

На 25 април, делегација на Албански Црвен крст оствари посета на Црвен крст на Република Македонија. Делегацијата е во состав: г.дин. Ули Алуши , претседател, Проф.Др. Шукури Субаши – почесен претседател, г.дин. Артур Катучи –, генерален секретар, г.ѓа. Елветина Стило – заменик генерален секретар.

За време на посетата стана збор за продлабочување на соработката на двете национални друштва на национално и локално ниво. Исто така беше потпишана платформа за соработка во различни програмски  дејности на двете национални друштва.  Двете национални друштва имаат потпишано договор за билатерална соработка во 1998 година. За време на престојот исто така ќе биде посетен и Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир, каде ќе бидат презентирани неколку активности на националното друштво како , Дневен Центар за крводарителство, Дневен Центар за стари лица, Центар за бездомници и Логистички Центар на ЦКРМ.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025