Red Cross Shape
ПОВИК За ангажирање на лице за работа со млади

2019-10-17

ПОВИК За ангажирање на лице за работа со млади

ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!

Сакате да работите со млади? За млади?  Сакате да направите промена во нашето општество?   Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.

Доколку сметате дека сте подготвени за комуникативна и креативна работа продолжете да читате.

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Кацеларијата на Црвениот крст на Репубилка Македонија има стручна служба која брои вкупно 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.

Поради зголемен обем на активности на клубовите на млади при ООЦК и ЦКГС, како и воведувањето на постојани програми имплементирани од страна на младите, ние го зголемуваме нашиот тим за програми и проектно работење и упатуваме ПОВИК за нагажирање на лице за работа со млади:

Времетраење на ангажман: 20 часа неделно во период од 6 месеци.

Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје  

 Потребни квалификации:

  • Работно искуство во работа со млади: познавање на работата на Законите и актите кои ја уредуваат работата на младите и волонтерството во РСМ, да има познавање од работата на граѓански сектор во делот на младите, да има искуство во работа на проекти за млади
  • Активно познавање на англиски јазик
  • ВСС од општествени науки (не е задолжително)
  • Возачка дозвола Б категорија (ќе се смета за предност)
  • Познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint), интернет и мејл апликации

 

Други професионални квалификации, способности и вештини:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Организациски и аналитички способности
  • Способност за презентација и адаптација на работните услови
  • Тимски работник
  • Мотивиран за работа
  • Иновативен и креативен

 

Цел:

Координација и развој на активностите на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија

            Работни должности:

  • Координација и следење на работата на училишните клубови на Црвен крст
  • Следење на врсничките едукации на клубовите на млади на Црвен крст
  • Учество во подготовка на предлог проекти за работа со млади
  • Учество во организирање на настани за млади на Црвениот крст
  • Поддршка во работата на Координативното тело на млади на Црвен крст на РСМ
  • Организирање и учество во обуки за јакнење на капацитети на млади волонтери
  • Следење и учество на настани и состаноци за млади организирани од владини, невладини и други организации кои работат со млади
  • Следење на активности на млади од други Национални друштва и иницирање на соработки.
  • Учествува во техничка поддршка и извршување на административни задачи во Секторот за креирање политики, млади, човечки ресурси и мониторинг и евалуација
  • учествува на обуки, семинари и конференции на локално, регионално и меѓународно ниво;
  • Други задачи за млади во координација со одговорното лице за Развој, соработка и работа со млади.

 

 

 

Нето плата: од 12 000,00 денари

Можност за продолжување на договор

Можност за напредок во кариерата и дополнителни бенефиции.

Moжност за дополнителен ангажман за работа на проекти.


Инструкции како да се аплицирате :

Испратете ваша кратка биографија и мотивациско писмо (ЗОШТО да Ве викнеме токму вас на интервју) на е-маил: vilarova@redcross.org.mk и vukelic@redcross.org.mk. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во рок од 10 дена.

 

Повикот трае заклучно со 25.10.2019 година до 15:00 часот.

 

Ве очекуваме.

Други вести

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom