Предадена донација од Македонска пошта
„Неделата на хуманост“ што ја организираше Македонска пошта во соработка со Црвениот крст на Република Македонија заврши успешно. Во текот на вчерашниот ден, 17.08.2015 год., во магацинот на Општинската организација на Црвен крст Тетово беше предадена хуманитарната помош која изнесува над 3000 кг. и во најголем дел е од вработените на Македонска пошта.
Покрај собраните материјални добра како облека – над 900 кг, вода над 1600 литри, средства за лична хигиена над 500 кг, вработените на Македонска пошта за настраданите во Тетовскиот крај собираат и финансиски средства.
АД „Македонска пошта“ изразува сочуство до настраданите во оваа природна катастрофа и ги повикува сите хумани граѓани да дадат придонес со своите донации.
Црвениот крст на Република Македонија изразува благодарност до Македонска пошта за нивната вклученост и поддршка во обезбедување на хуманитарна помош за настраданото население од поплавите во Тетово и околината.