Предавање за улогата на Црвен крст во системот за управување со кризи наменета за студенти на Факултетот за безбедност Скопје
Согласно претходната долгогодишна и континуирана соработка со Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитет „Св.Климент Охридски“- Битола, На ден 25.12.2019 година во просториите на Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија, се одржа предавање за улогата на Црвен крст во системот за управување со кризи наменета за студенти од Факултетот за безбедност Скопје.
Предавањето за студентите опфати повеќе теми од полето на подготвеност и одговор во случај на катастрофи како што се: Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина (МФЦК/ЦП, МКЦК итн.), капацитетите и искуствата на Црвен крст на Република Северна Македонија во одговор при катастрофи, активности за намалување на ризици од катастрофи, законски одредби (Закон за Црвен крст, Закон за заштита и спасување итн.).
Посебен акцент се стави на подобро запознавање на студентите со местото и улогата на Црвениот крст на Република Северна Македонија во случај на катастрофи како и можности за понатамошна соработка со Факултетот за безбедност – Скопје.