Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Префрлање на финансиски средства на 3.515 семејства зафатени од поплавите

2016-09-19

Префрлање на финансиски средства на 3.515 семејства зафатени од поплавите

Пред се, од името на Црвениот крст на Република Македонија сакаме да се заблагодариме за континуираната поддршка на медиумите во Република Македонија за навременото и транспарентно информирање за активностите и работата на Црвениот крст на Република Македонија за време на обезбедување на поддршка за погоденото население од неодамнешните поплави кои го зафатија регионот на Скопје.

Покрај дистрибуцијата на материјална поддршка, Црвениот крст на Република Македонија исто така беше одговорен за собирање на финансиски средства преку сметката на Фондот на Солидарност наменети за погоденото население од катастрофата.

Сакаме да ве информираме дека денеска, понеделник (19.09.2016) се изврши префрлање на финансиски средства на 3.515 семејства зафатени од поплавите, согласно добиените финални списоци од надлежните институции со податоци на лицата погодени од катастрофата. Преостанато е вршење на трансфер на уште 194 семејства чии податоци дадени во нотарските изјави имаат одредени недостатоци па по добивањето на коригирани податоци веднаш ќе бидат префрлени и овие средства до крајните корисници.

Уште еднаш од името на Црвениот крст на Македонија сакаме да искажеме голема благодарност за целокупната поддршка на хуманитарната акција за обезбедување на поддршка на погоденото население од неодамнешните поплави во земјата.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025