јануари 15, 2021
Претседателот Пендаровски даруваше крв
Денес претседателот на државата Стево Пендаровски заедно со својот син Огнен даруваа крв во Центарот за дарување крв при Црвениот крст.
Пандемијата Ковид-19, за жал, го намали и бројот на крводарувања во земјата. Да покажеме солидарност и хуманост. Да даруваме крв и да спасиме нечиј живот. И во овие околности, дарувањето крв е безбедно и се одвива по строго утврдени протоколи истакна претседателот на државата Стево Пендаровски.
Претседателот Пендаровски беше пречекан од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити и директорот на Инстититутот за трансфузиона медицина Садула Усеини.