ноември 27, 2022

Признавање на Црвениот крст на РСМ

На денешен ден, 27 ноември 1995 година, Црвениот крст на Република Северна Македонија станa полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење.

Која е нашата мисија?

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

 

< врати се назад