Продолжуваат ПХВ обуките
По завршување на првите ПХВ обуки од страна на обучени дисеминатори следуваа вторите обуки за истите младинци во секоја Општинска организација на Црвен крст. ПХВ тим кој брои 30 инструктори во период од три недели спроведе 40 обуки за изработка на малите проекти. Во рамките на овие обуки, младите на возраст од 13 до 17 години се освестени за проблемите кои ја мачат заедницата но и поединците во истата и им е понудена алатка преку која може да ги решаваат проблемите, целосно или делумно. Младите во период од 2 месеци, се до 20 април ќе ги реализираат малите проекти, поделени во помали тимови со околу 5 члена ќе дејствуваат на терен. Ќе имаат можност да истражуваат, да комуницираат со корисниците, да ги согледаат нивните потреби, да размислаат за активноста која треба да ја реализираат за да стигнат до целта. За цело време тие ќе се судруваат со проблемите и ќе се обидуваат да најдат решение со поддршка на својот тим, на одговорниот дисеминатор и со поддршка на менаџментот на Општинската организација од каде доаѓаат.
Минатата година беа реализирани 184 мали проекти и им беше помогнато на 3790 лица.