октомври 30, 2013

Продолжување на Договорот за соработка со Француската Амбасада во Република Македонија

На 25.11.2013 година во просториите на Црвениот крст на РМ, генералниот секретар м-р Саит Саити и Амбасадорот на Франција во Република Македонија  г-ѓа Лоренс Оер го потпишаа новиот договор за соработка во време траење од три години. Генералниот секретар се заблагодари за досегашната плодна соработка со  Француската амбасада која се  остварува со нашето национално друштво. На средбата беа претставени програмските активности на Црвениот крст на РМ кои претставуваат иницијативи  за продолжување на соработката и поддршката на активности во првата помош, одговор и дејствување во случај на катастрофи, социјално – хуманитарни проекти во соработка со граѓанскиот сектор во РМ,  како и координација со заедничките тимови кои се составени од лица од Француската заедница во РМ и членови на тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст  на Република Македонија. Амбасадорот г -ѓа Лоренс Оер го истакна задоволството од досегашната соработка, како и интересот на Француската амбасада во натамошно  унапредување на заедничката соработка и поддршка на хуманитарните цели на Црвениот крст на РМ.

< врати се назад