Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Проект грижа на стари лица во заедницата финансиран од Европска Унија

2014-03-25

Проект грижа на стари лица во заедницата финансиран од Европска Унија

starilicaMакедонија како и многу европски земји се соoчува со стареење на населението. Поради проблемите кои со себе ги носи трендот на демографското стареење, на ова прашање му се посветува се повеќе внимание. Со зголемување на очекуваното траење на животот се зголемува и потребата за долгорочна нега и мобилни услуги за грижа на старите лица. Од таа причина Црвениот крст на РМ развива вонинституционални форми за поддршка на старите лица, што е и една од целите на Проектот „Грижа на стари лица во заедницата“.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на националната програма за привремена поддршка и јакнење на институционалните капацитети, IPA 2009.  Од страна на Европската Унија за имплементација на проектните активности обезбедени се средства во висина од 128.800 евра  (7.921.200 денари). Проектен партнер на Црвениот крст на РМ е Австрискиот црвен крст кој обезбеди поддршка во висина од 14.982 евра (921.393 денари) со кој националното друштво во досегашниот период остварува плодна соработка. Црвениот крст на РМ учествува со 6.038 евра  (371.337 денaри).

Проектните активности ќе се имплементираат во период од 18 месеци, завршно со јуни 2015 година, преку општинските организации на Црвен крст Прилеп, Кичево и Гостивар во соработка со единаесет граѓански здруженија.

Целта на проектот е  зајакнување на капацитетите на општинските организации на Црвен крст и граѓанските здруженија  за обезбедување на социјални сервиси за старите лица во Прилеп, Гостивар и Кичево, како и јакнење на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и владините иснтитуции  и локланата самоуправа во областа на грижата на старите лица. Преку зајакнување на капацитетите ќе се подобри квалитетот на менаџирањето на волонтерите и мобилизирање на ресурси за развој на социјални програми за старите лица. Исто така со проектните активности ќе се актуелизираат  прашања за грижа на старите лица, како и ќе се подигне свеста на општата популација за поддршка и заштита на старите лица. Со имплементација на проектот ќе се придонесе во подобрување и про-активно учество на  граѓанскиот сектор во општествено – економскиот развој на Македонија и спроведување на законодавството на Евроспката Унија.

www.delmkd.ec.europa.eu

http://cfcd.finance.gov.mk/

http://ec.europa.eu/europeaid/index_en.htm

http://www.nvosorabotka.gov.mk

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025