февруари 26, 2016

Проект „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија

Црвениот крст на РМ во партнерство со Занаетчиската комора на град Скопје имплементираат проект „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија во рамките на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (IPA Компонента IV). Вкупната вредност на проектот е 180.332,02 евра, од кои 9.016,6 евра се придонес на Црвениот крст на РМ и Занаетчиската комора на град Скопје.

Целта на проект е да се придонесе кон унапредување на условите и можностите за зголемено учество на лицата во социјален ризик и лицата кои се социјално изолирани на пазарот на трудот со цел да се намали невработеноста. Проектот се имплементира преку Црвен крст на град Скопје во три општини Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба.

Проектните активности се фокусирани кон зaјаканување на капацитетите на 40 лица во социјален ризик долгорочно невработени, за нивен личен раст и развој, јакнење на нивните вештини и квалификации за да им се олесни интеграцијата во општеството и особено нивниот пристап до пазарот на трудот. Со проектот се предвидува да се обезбедат и психо – социјални услуги на нивните семејства како дополнителна поддршка во нивните напори да се изгради патот кон вработување.

Проектните активностите ќе бидат поддржани од институционалната соработка помеѓу граѓанскиот сектор и владините и локалните власти и бизнис секторот, кои ќе обезбедат кохерентен дијалог и подигање на свеста за придонес кон социјална вклученост на лицата во социјален ризик долгорочно невработени на пазарот на трудот.

за њеб стат

< врати се назад