Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Проф. д-р Ромел Велев ре-избран за Претседател на Црвениот крст на РСМ

2022-07-04

Проф. д-р Ромел Велев ре-избран за Претседател на Црвениот крст на РСМ

На конститутивно изборната седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија за мандатниот период 2022-2026 година одржана на 30.06.2022 година, Проф. д-р Ромел Велев е ре-избран за Претседател на Црвениот крст на РСМ, што претставува негов втор мандат.

 

Во своето обраќање Претседателот Велев се заблагодари за укажаната доверба од страна на делегатите на Собранието и во своето обраќање нагласи дека како и во досегашниот период ќе се залага за конструктивни одлуки и поддршка на идеите за реализација на програмските задачи на организацијата на Црвениот крст заедно со Црвениот крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст ставајќи акцент на нивното натамошно зајакнување на капацитетите да одговорат на современите предизвици.

„За да останеме релевантни и да и служиме на нашата заедница најдобро што можеме, сите ние имаме огромна задача пред нас. Никогаш не треба да сме задоволни, туку треба постојано да слушаме, да се прилагодуваме, да учиме/одговараме и да иновираме. Треба јасно да покажеме што правиме, како и зошто го правиме. “ истакна Претседателот  Велев.

 

На изборното Собрание беше избрана нова раководна структура за мандатниот период 2022-2026 година

Преглед на избрани лица во раководната структура на Црвениот крст на Република Северна Македонија за мандатниот период 2022-2026 година:

Ромел Велев – Претседател

Лилјана Ристевска – Потпретседател

Нухи Јусуфи – Потпретседател

Васил Тунев – член на Раководен одбор

Фадби Османи – член на Раководен одбор

Бурак Шабани – член на Раководен одбор

Даут Селими – член на Раководен одбор

Димитар Каракулев – член на Раководен одбор

Миле Тошев – член на Раководен одбор

Викторија Милановска Партаклиев – член на Раководен одбор

Биљана Костова – член на Раководен одбор

Весна Терзиоска – член на Раководен одбор

Александра Сандева – член на Раководен одбор

Зоран Ѓоргиев – Претседател на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

Јово Стојчевски – член на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

Славко Лазоски – член на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

Бесник Зеќири – член на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

Ванчо Коцев – член на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

Дејанчо Арсов – член на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

Муамет Касами – член на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025