Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Промоција на прирачник за меѓународно хуманитарно право за парламентарци

2019-11-02

Промоција на прирачник за меѓународно хуманитарно право за парламентарци

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 01.11.2019 година во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија го промовираше Прирачникот за меѓународно хуманитарно право (МХП) за парламентарци.

На самиот настан се обрати генералниот секретар на Црвениот крст на  Република Северна Македонија, д-р Саит Саити каде истакна дека Црвениот крст на Република Северна Македонија, како рамноправен член на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, ги реализира своите активности во областа на дисеминацијата, поаѓајќи од корпусот на меѓународните инструменти во чија основа се Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година и 2005 година како и основните документи на националното друштво како што се Законот и Статутот на Црвениот крст на РСМ. Тесната врска помеѓу Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и Женевските конвенции, кои многумина ги нарекуваат и Конвенции на Црвениот крст, настанала поради тоа што во Конвенциите нашол примена основниот принцип на Црвениот крст – хуманоста.

 

Свое обраќање имаше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г.дин Талат Џафери каде го поздрави вложениот труд во овој прирачник од страна на Црвениот крст, Меѓународниот Комитет на Црвен крст и Интерпарламентарната Унија, прво затоа што е наменет за нас парламентарците како  извор на информации а дополнително затоа што ќе ни помогне во наше понатамошно промовирање на овој значаен прирачник а јас во својство на претседател на Собранието стојам на располагање за соработка во доменот на моите надлежности и ги охрабрувам и пратениците да ги користат понудените алатки за време на надзорни и јавни расправи, разни иницијативи и проекти во насока на промоција на Меѓународното хуманитарно право како неопходна алатка за зачувување на хуманоста и во екот на најужасните воени конфликти, за да не се дозволи да надвладее оној ужасен феномен на исчезнување на човечкото во човекот.

 

На крај се обрати и претставникот на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст – г-ѓа Неда Дојчиновиќ каде даде краток осврт на Женевските конвенции по повод 70 години од нивото донесување. И исто така го промовирање и прирачникот за улогата на пратениците во спроведувањето на МХП, клучни прашања при вооружени судири, почнувајќи од акти на тероризам до сексуално насилство, употреба на нови технологии, заштита на лични податоци на жртви на вооружени судири, модел инструменти и референтни материјали за почитување спогодби согласно со МХП и за правилно спроведување и примена на овие спогодби во земјата и активности на Интерпарламентарна Унија и Меѓународен Комитет на Црвен крст.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025