мај 23, 2016

ПРВА ЦКА-ПХВ ФИНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

Изминатиот викенд, од 20 до 22 мај во центарот Солферино во Струга се одржа првата ЦКА-ПХВ финална работилница. На истата присуствуваа 72 младинци, дисеминатори и инструктори  од целата земја.  Младите учесници беа дел од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус кој подразбира добивање на 3 обуки, и тоа првата за дисеминација, втората како се изработуваат малите проекти и последната, начини на документирање. Младите кои присуствуваа на оваа работилница беа избрани како најдобри, бидејќи реализираа проекти кои направија трајни промени во заедница, имаа голем број на волонтерски часови додека ги изработуваа проектите, имаа оргинална идеја и промоција на сработеното. За време на работилницата, проектите и искуството  беа презентирани и споделени со целата група. Исто така се работеше на теми култура како систем од вредности, работење како тим , подготовки за одбележување на ЦКА-ПХВ недела и продолжување со волонтирањето во клубовите на млади во градовите од каде младите беа и избрани со цел зајакнување на локалните капацитети.

 Младите  на оваа работилница беа истакнати како позитивни примери во својата заедница, беа мотивирани да продолжат со својот волонтерски ангажман и секако охрабрени да прават промени во заедницата.

Програмата оваа година е поддржана преку прграмата на CIVIKA Mobilitas.

< врати се назад