мај 11, 2014

Прва финална работилница Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности

Овој викенд во центарот Солферино во Струга се оддржa првата ПХВ финална работилница во циклусот 2013-2014 година. На истата присуствуваа 53 младинци и 10 дисеминатори. Ги водеше искусен ПХВ тим составен од 8 инструктори. Младите од Битола, Велес, Виница, Гостивар, Дебар, Кичево, Кочани, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Радовиш, Ресен, Тетово, Скопје, Центар, Карпош, Кисела вода, Чаир и Шуто Оризари кои се избрани да учествуваат на овие работилници се најдобрите од вкупно 1200 кои беа обучени да изработуваат мали проекти за доборбит на заедница. Од целата оваа група на млади лица беа изработени вкупно 210 мали проекти преку кои тие правеа креативни работилници, градеа рампи за хендикепирани лица, собираа средства за лекување, реновираа здравствени домови и многу други нешта. Вкупно тие помогнаа на преку 4000 лица, вложувајки преку 40.000 волонтерски часови со поддршка на нивните дисеминатори кои воедно се и наголемите мотиватори на овие младинци.

logo-phv-rebrendirano

Младинците кои присутвуваа на оваа работилница беа од различно етничко, верско, социјално и географско потекло, тие работеа заедно и учеа за културата како систем од вредности, за комуникацијата, за тимот и тимската работа. Користејки ја својата креативност тие го изработија филмот преку кој ја доловија атмосверата на работилницата, флаер со нивнте впечатоци, драма за културата како систем од вредности со наслов “Погодете кој доаѓа на вечера”, невербална драма во која ќе го опишуваат своето учество и активности во текот на целиот циклус, подотвија кратки рекламни скечеви со кои ги промовираа вредностите и активностите на Црвениот крст, танцуваа, рецитираа и пеаа на различни јазици, и сето тоа под мотото Препознавање на различностите.

Со ова е направена подготовка за она што сите заедно ќе го подготвуваме за Неделата на Промоција на хумани вредности од 21 до 27 септември, кога во сите општински организации на црвен крст во секој град младинците по трет пат заедно ќе го промовират мирот, толеранцијата и меѓусебно почитување преку заеднички активности.

Поддршка за ова работилница дадоа Германскиот Црвен крст, Црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни како и компанијата Кабтел.

Беа присутни и гости кои редовно се канаат на работилниците со цел да се запознаат со програмата, младинските активности и целиот систем на работа. Ова година тие беа од организацијата МЦМС, наставници од неколку училишта и дел од вработени од нашата организација.

< врати се назад