септември 19, 2013

“ Првата помош и безбедноста на патиштата”

Црвениот крст на Република Македонија на 20 и 21 септември 2013 година во Струга го организира 22-от Државен натпревар на екипите по прва помош.

Оваа година Државниот натпревар по прва помош ќе се оддржи под мотото “ Првата помош и безбедноста на патиштата”.

На Државниот натпревар по прва помош ќе земаат учество 24 екипи од општинските организации на Црвен крст кои беа првопласирани на општинските натпревари по прва помош во категоријата младинци.

Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош е предвидено на 21 септември 2013 година (сабота) во 09.30 часот пред Домот на културата во Струга, натпреварот ќе се одвива од 10.00-16.30 часот, а забавен дел и прогласување на победници ќе се случува од 16.30-17.00 часот за кога е предвидено затворање на натпреварот.

Ве покануваме на овој настан и ќе ни биде задоволство во колку   го проследите истиот и ја информирате јавноста во Република Македонија

 

 

< врати се назад