Red Cross Shape
Работен состанок координатори за менаџирање со катастрофи

2018-11-05

Работен состанок координатори за менаџирање со катастрофи

Во организација на Црвен крст на Бугарија и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, во периодот од 31.10. до 3.11.2018 година во Софија се одржа  работен состанок на координаторите за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи на Националните Друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Целта на работниот состанок  беше размена на практики и искуствата на НД од регионот со акцент на поплави, подготовка на стандардни оперативни процедури за Националните тимови за одговор во случај на катастрофи, СОП за членовите на регионалните тимови за одговор во случај на катастрофи како и подготовка на идни планови на полето за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи.

На работниот состанок  се работеше и на подготовка на сценарио за симулациска вежба која треба да се реализира до крајот од месец ноември 2018 во Република Македонија.

 

Други вести

Хуманитарна помош за Блага Милошевиќ
Помош и поддршка за настраданото население предизвикано од поплавите во Кичево, Гостивар и Скопје
Волонтерите на Црвениот крст на терен во општина Сарај

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom