Работилница на стручната служба на Црвен крст на РСМ
Во перидот од 20 до 23 Јануари 2022 во Струга се одржа работилница со стручната служба на Црвениот крст на РСМ на која се дискутираа повеќе развојни прашања поврзани со работата на националното друштво во претстојниот период. Главен акцент во дискусиите беше ставен на дефинирањето на нов развоен концепт на организацијата за следниот петгодишен период и утврдување на рамка на модел за добра функционална општинска организација на Црвен крст на РСМ.
На работната средба исто така беше дискутиран и интегралниот оперативен план за работа на Црвен крст на РСМ за 2022 како и севкупните активности и алатки за мониторинг и евалуација на работата на Црвениот крст на РСМ. Беше одвоен простор и за дискусија во однос на дигитализацијата и дигиталните алатки и процеси кои се преземаат и планираат од страна на организацијата со цел да се обезбеди ефективно дигитално трансформирање и поуспешување на работните процеси и промовирање на работата на Црвениот крст на РСМ. Активностите на работилницата резултираа со повеќе заклучоци и утврден план на активности кои ќе се имплементираат во претстојниот период во соработка со општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.