Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница со секретари, претседатели и потпретседатели на ООЦК/ЦКГС

2017-09-25

Работилница со секретари, претседатели и потпретседатели на ООЦК/ЦКГС

Во  периодот 21-24 септември, 2017 година Црвениот крст на Република Македонија организираше работна средба со секретарите, претседатели и потпретседатели на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје (ООЦК/ЦКГС). Работната средба се одржа во центарот за кадри и рекреација Солферино во Струга. Работата се одвиваше во неколку фази. Секретарите на ООЦК/ЦКГС беа запознати со новата нормативна рамка поврзана со делувањето на националното друштво на национално и локално ниво како и новите софтверски решенија кои ќе бидат наскоро имплементирани во работата на организацијата. Работилницата беше искористена за спроведување на ориентациска обука за новоизбраната раководна структура на националното друштво при што учесниците беа запознати со различни аспекти поврзани со работата на националното друштво и Движењето. Новата раководна структура исто така беше запозната со десетгодишниот стратешки план на Црвениот крст на Република Македонија, нормативна рамка поврзана со делувањето на националното друштво и новите софтверски решенија кои имаат за цел да ја поуспешат работата на Црвениот крст на Република Македонија во претстојниот период.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025