октомври 22, 2018

Работилница со новинари

Црвениот крст на Република Македонија нa 22 октомври 2018 со поддршка на Меѓународниот Комитет на Црвен крст организираше работилница со претставници од медиумите со цел да се унапреди соработката со медиумите и да се споделат информации поврзани со информирањето и комуницирањето при кризни состојби.

На работилницата беа претставени различни аспекти поврзани со функционирањето на Меѓународното Движење на Црвениот крст и мандатот на компонентите на Движењето  особено со активностите за навремени и правилно информирање и комуникации при кризни состојби, системот за обезбедување хуманитарна помош и пружање услуги на лица кои се нашле во ризик при итни состојби и достапните механизми и инструменти за обезбедување на помош и поддршка. Црвениот крст на Република Македонија, како најголема хуманитарна Организација во државата, презентираше искуства од изминатиот период поврзани со справување на кризни состојби во Република Македонија како резултат на природни катастрофи и движење на население.

На работилницата свое излагање имаше г-дин Сашо Талески, раководител на секторот за програми на Црвениот крст на Република Македонија и заменик шефот на Регионалната Делегација на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст-Белград, г-ѓа Гордана Миленковиќ.

Работилницата беше пропратена со отворена дискусија при што учесниците на работилницата дискутираа за различни прашања поврзан со работата на Црвениот крст и информирањето при кризни состојби.

< врати се назад