Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА НОВИ МОТИВАТОРИ ЗА ДОБРОВОЛНО КРВОДАРИТЕЛСТВО

2016-05-16

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА НОВИ МОТИВАТОРИ ЗА ДОБРОВОЛНО КРВОДАРИТЕЛСТВО

Од 13-15 мај 2016 година во Струга се одржа работилницата за едукација на нови мотиватори за доброволно крводарителство. На работилницата беа обработени следните теми: Крводарителство во Република Македонија, Тим за координација и работа на Дневен центар за дарување крв, Крв и крвни елементи и актуелности во трансфузионата медицина, Организациони форми на дарување крв-Клуб 25 и Клуб на крводарители, Исхрана според крвни групи, Пренесување на позитивни искуства и примери за доброволно крводарителство  од други држави (прикажување  на спотови   и   филмови за крводарителство ), Психолошки аспекти на крводарителството – со посебен акцент на Комуникацијата, видови комуникација, пречки во комуникација, фактори и чувства за ефективна комуникација, процес на активно слушање и аспекти на тим и тимска работа.

На крајот на работилницата преку квиз прашања се  направи проверка на знаењата на учесниците  за содржините од програмата за обука. Низ процесот на евалуација  сите учесници споделија свои мислења,  впечатоци и сугестии за работилницата  и воопшто за унапредување на крводарителството

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025