Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница за климатски промени

2020-12-21

Работилница за климатски промени

„Претставници на Програмот за подготвеност и одговор при катастрофи на ЦКРСМ на ден 18.12.2020 учествуваа на прва онлајн работилница за проценa на потребите поврзани со климатските промени: „Идентификување на основните информации и потреби за обука и градење на капацитетите од областа на климатските промени и Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија“, организиран во соработка со Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО).

Овој виртуелен настан се одржа во рамките на вториот проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ „Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“ кој го спроведува ФАО под раководство на Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања.

Главната цел на настанот беше да се обезбедат првични информации во врска со процесот на процена на потребите од областа на климатските промени и да се обезбедат основни информации што ќе служат како референтна точка за развој на програма за обука за клучните чинители во рамки на вториот подготвителен проект од Зелениот климатски фонд.“

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025