Работилница за менторска развојна програма на 8 ООЦК
Во рамките на иницијативата за развој на 8 Општински организации на Црвен крст (ООЦК) и утврдената динамика за воспоставување на менторска развојна програма со ООЦК Виница, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Ресен, Свети Николе и Тетово, во периодот 19-21.11.2021 година во центарот Солферино во Струга се одржа работилница на која учествуваа вкупно 25 лица.
По спроведени неколку процеси во 2021 година за процена на актуелните состојби во ООЦК и ЦКГС, како и евалуација на постигнувањата во програмското работење, утврдена е потреба од развивање на иницијативи за подобрување на целокупното работење на Националното друштво. На локално ниво формирани се локални тимови со претставници од раководна и управна структура на ООЦК, кои за време на работилницата беа поддржани од страна на стручната служба на Централната канцеларија да дефинираат план и приоритети за развој за наредните 6 месеци како и динамика со која ќе се следи прогресот кон негово исполнување.
Најпрвин се мапираа актуелни состојби и предизвици во ООЦК, по што се дефинираа планови по кои ќе се преземат конкретни чекори за наредниот 6 месечен период.
По завршување на работилницата договорено е финализирање на предлог плановите за развој заклучно со 29.11.2021 година, нивно разгледување и одобрување од страна на Централната канцеларија и започнување со имплементација на истите во период 15.12.2021-15.06.2022 година. Договорена е динамика на месечно известување и онлајн состаноци со секретарите, а во периодот 15-30.06.2022 година договорено е спроведување на еднодневна евалуациска работилница.
За време на работилницата направена е и евалуација на задоволството од поддршката што ја дава Централната канцеларија на Црвениот крст кон општинските организации во Целокупното работење.