Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во Р. Македонија

2018-11-05

Работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во Р. Македонија

Во организација на Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина во периодот од 02-04 ноември 2018 година  во Струга се одржа работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во Р. Македонија. На  работилницата зедоа учество 38 учесници и тоа, млади мотиватори претставени преку Клубот  25 на Црвен крст на град Скопје, мотиватори од Клубот на крводарители на Црвен крст на град Скопје, професионално вработени лица од Институтот за трансфузиона медицина  и гости од Албански Црвен крст.

Главните цели на работилницата беа едукација, мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во Р. Македонија, привлекување на млади и првократни дарители, развивање на програмата за аферезно дарување на тромбоцити и зголемување на бројот на крводарители кај албанската популација.

Содржините од програмата беа презентирани врз основа на принципите на учење на возрасни преку: презентации, споделување на искуства, играње на улоги, вежби и можност за активна партиципација на учесниците.

 

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025