Работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство
Во организација на Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина во периодот од 03-04.05.2019 година во Струга се одржа работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во Р. Македонија кај албанската популација. На работилницата зедоа учество 25 учесници и тоа, млади мотиватори од различни профили, професионално вработени лица од Институтот за трансфузиона медицина.
Главната цел на работилницата беше едукација, мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во Р. Македонија, привлекување на млади и првократни дарители, и зголемување на бројот на крводарители кај албанската популација.
Содржините од програмата беа презентирани врз основа на принципите на учење на возрасни преку: презентации, споделување на искуства, играње на улоги, вежби и можност за активна партиципација на учесниците.