Работилница за намалување на ризици од катастрофи
Во организација на Црвен крст на Србија и Австрискиот Црвен крст, во периодот од 15-16 ноември 2017 година во Белград се оддржа работилница за намалување на ризици од катастрофи.
Целта на работилницата беше размена на практики и искуствата на НД од регионот како и идни планови на планот за намалување на ризици во образовните институции. Учесниците на работилницата посебен акцент посветија на остварувањата на проектите за намалување на ризици во училиштата во Република Србија и Република Македонија имплементирани во изминатите години како и слични проекти во другите држави имплементирани примарно со цел да се подигне свеста кај младите во училиштата за опасностите и ризиците при катастрофи. Исто така беше дискутирана и рамката за добрососедска соработка согласно со потпишаниот договор од Загреб од 2017 година, од аспект на активности за подготвеност и дејствување при катастрофи и обезбедување на прекугранична поддршка.
Како заклучок на работилницата произлезе дека националните друштва ќе соработуваат подготовка на проектни апликации за намалување на ризици од катастрофи во соработка со Австрискиот Црвен крст.