Работилница за обука на нови волонтери на Црвениот крст поддршка на стари лица
Од 26 до 28 август 2016 година, во центарот „Солферино“ во Струга, се одржа Работилница за обука на нови волонтери за вклученост во социјална интервенција со стари лица. Работилницата беше организирана во рамките на Проектот „Грижа за стари лица во домашни услови“ поддржан од Австриски Црвен крст. Работилницата беше реализирана во соработка со Заводот за социјални дејности кој е долгогодишен партнер на Црвениот крст на РМ во имплементација на проектни активности за поддршка на старите лица.
Целта на работилницата беше волонтерите на Црвениот крст да добијат основни знаења и вештини за обезбедување поддршка на стари лица во домашни услови. На работилницата учествуваа вкупно 18 волонтери од Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Велес и Крива Паланка, како и локалните координатори на проектот. Стекнатите знаења и научените лекции од размената на искуства ќе придонесе волонтерите на Црвениот крст да испорачуваат поквалитетна поддршка на старите лица во домашни услови.