ноември 9, 2015

Работилница за обука на волонтери на Црвениот крст за психо – социјална поддршка на стари лица

Од 06 до 08 ноември 2015 година, во центарот „Солферино“ во Струга, се одржа Работилница за обука на волонтери за психо – социјална поддршка на стари лица. Работилницата беше организирана во рамките на Проектот „Грижа за стари лица во домашни услови“ поддржан од Австриски Црвен крст. На работилницата учествуваа вкупно 26 волонтери од Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Велес и Крива Паланка кои испорачуваат социјални услуги на стари лица во домашни услови. На работилницата беше понуден основен пакет на содржини за обезбедување на психо – социјална поддршка на старите лица. Работилницата имаше интерактивен пристап, на која волонтерите активно учествуваа во совладување на понудените содржини кои ќе ги применат во практика на терен. Стекнатите знаења и научените лекции од размената на искуства ќе придонесе волонтерите на Црвениот крст да испорачуваат поквалитетна поддршка на старите лица во домашни услови.

< врати се назад