август 26, 2014

Работилница за подготовка на проекти во рамките на Проектот грижа на стари лица во заедницата, финансиран од Европска Унија

[responsive] sl1[/responsive]

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на Проектот „Грижа на стари лица во заедницата“ финансиран од Европска Унија од 22 до 24 август 2014 година, организираше работилница за подготовка на проекти со претставници на општинските организации на Црвен крст Прилеп, Кичево и Гостивар и 11 граѓански здруженија вклучени во проектот.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на Црвениот крст и граѓанските здруженија за подобрување на квалитетот за подготовка на проекти. На работилницатаучествуваа 32 претставници кои своите стекнати знаења ќе ги стават во функција на подготовка на проекти за равој на активности поврзани со староста и стареењето. Овие проекти ќе бидат изработени од заеднички тимови на општинските организации на Црвениот крст и граѓанските здруженија од трите општини. Во месец октомври ќе биде организирана еднодневна работилница за заедничка проверка и одобрување на изработените проекти, кои натаму ќе можат да ги понудат до партнери во заедницата, бизнис секторот, како и други агенции и фондови за обезбедување на поддршка за нивна имплементација.

< врати се назад