РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА (ООП) & МЕНАЏИРАЊЕ
Американската стопанска комора во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денес во х. Холидеј Ин, Скопје организираа работилница за подготовка на ООП програма & менаџирање со членки на комората. Целта на работилницата беше да се споделат одредени искуства на Црвениот крст на РМ во насока на подготовка и менаџирање на ООП програма, како и да се даде придонес во избор на партнер за имплементација на проекти во заедниците.
Работилницата ја отворија извршниот директор на Американската стопанска комора г-ѓа Michelle Osmanli и генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити. Работилницата беше водена од страна на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, и претставници на стручната служба кои имаат искуства во остварување на партнерската соработка со корпоративниот сектор.
Работилницата беше заокружена со вклученост на учесниците – претставници на компаниите кои споделија нивни искуства во општественото одговорно дејствување на компаниите