Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА  ПРОГРАМА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА (ООП) & МЕНАЏИРАЊЕ

2015-10-13

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА (ООП) & МЕНАЏИРАЊЕ

Американската стопанска комора во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денес во х. Холидеј Ин, Скопје организираа работилница за подготовка на ООП програма & менаџирање со членки на комората. Целта на работилницата беше да се споделат одредени искуства на Црвениот крст на РМ во насока на подготовка и менаџирање на ООП програма, како и да се даде придонес во избор на партнер за имплементација на проекти во заедниците.

Работилницата ја отворија извршниот директор на Американската стопанска комора г-ѓа Michelle Osmanli  и генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити. Работилницата беше водена од страна на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, и претставници на стручната служба кои имаат искуства во остварување на партнерската соработка со корпоративниот сектор.

Работилницата беше заокружена со вклученост на  учесниците – претставници на компаниите кои споделија нивни искуства во општественото одговорно дејствување на компаниите

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025